Моќна порака од Пикси: Не ми требаат пари, би продал се за да одам во Катар

1 min read

Репрезентацијата на Србија обезбеди пласман на Светското првенство во Катар откако во одлучувачкиот натпревар во квалификациите со 1:2 ја совлада фаворизираната Португалија среде Лисабон.

За успехот на фудбалерите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ им вети премија од милион евра, но селекторот Драган Стојковиќ Пикси ги освои симпатиите на јавноста велејќи дека не му се потребни.
– Кога ќе го замолкнете „Луж“ и 62.000 навивачи, е за тоа се живее. Јас би продал сè за да одам во Катар, не ми се потребни никакви пари. Тој милион кој репрезентацијата го доби значи дека државата не поддржува и тоа е дополнителен ветер во грбот – вели Стојковиќ.
Српските репрезентативци одлучија наградата да ја донираат за лекување на болни деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕКСКЛУЗИВНО: Ќе нема реконструкција, туку нова влада со нов премиер!

Следно

Грчката полиција ги апси антиваксерите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian