Мицкоски на терен со скопските градоначалници, денеска е во Гази Баба

1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, започнува проекти заедно со скопските градоначалници во повеќето скопски општини. По Кисела Вода, денеска Мицкоски ја посети Гази Баба каде во Страчинци започна изградба на фекална канализација за 170 приклучоци и пречистителна станица.

Проектот вреден над 5 милиони денари во првата фаза е потпишан од новиот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Ќе бидеме на терен да ги исполнуваме дадените ветувања, вчера бевме во Кисела Вода, сега во Гази баба. нема да критикуваме повеќе и да бараме изговори. Денеска сме овде во Страчинци. Градоначалникот започнува да го исполнува тоа што е ветено пред изборите. Политичарите треба да ги облечат чизмите и да бидат меѓу народот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и новата генерацијата она што го промовира, рече Мицкоски.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Нова тужба против Болдвин, сценариото не барало пукање

Следно

Украинските граничари ќе можат да користат воена опрема и оружје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian