И сега да има седница, СДСМ има мнозинство во Собранието, вели Митрески

2 mins read

Следува или реконструкција или нова Влада и СДСМ ќе го направи тоа што е најдобро за граѓаните и државата, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во вечерашното гостување на ТВ24, додавајќи дека дека во овој момент сите опции се отворени и сѐ зависи во од преговорите и временските рокови.

„Како што има и други средби со пратеници, така и утре ќе се одржи средба на претседателот на партијата Зоран Заев со Африм Гаши, на која ќе се зборува за стабилизација на државата и новото мнозинство. Преговорите ќе продолжат и во наредниот период, а за тоа какви места ќе бидат понудени Централниот одбор го овласти Заев да преговора, а потоа преку органите на партијата ќе разгледуваме што е финално“, рече Митрески.

Тој тврди дека во моментов ситуацијата во Собранието не е 60-60.

-Имаме мнозинство во Собранието, заедно со пратеникот Кастриот Реџепи кој рече дека останува во мнозинство, а имаме поддршка и од пратеници од кои и во минатиот период сме имале поддршка. Имаме мнозинство од 61 пратеник и во овој момент. СДСМ ќе ја донесе одлуката во органите на партијата. Најважно од се е стабилизација на политички план. Имавме бурен период од две до три недели и сега е неопходна политичка стабилизација и мнозинство и Влада која е спремна за предизвиците, рече Митрески.

Тој потсети дека опонентите направиле неприродна коалиција, бидејќи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска го нарекла Арбен Таравари министер за болест, а сега вели дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Таравари „згазиле“ во Гостивар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Правда за Џулиус“: Гувернерот на Оклахома укина смртна казна неколку часа пред извршувањето

Следно

Реал ќе подигне уште еден кредит за да ја заврши реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian