Холандскиот репрезентативец Квинси Промес е обвинет за обид за убиство

1 min read

Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Спартак Москва, Квинси Промес е обвинет за обид за убиство на роднина во Холандија, објавија локалните медиуми.

„Амстердамското јавно обвинителство одлучи кривично да го годни 29-годишниот маж од Амстњердам за обид за убиство и за тежок напад“, соопшти обвинителството, не наведувајќи други детали од истрагата.
Датумот на рочиштето сè уште не е одреден.

Според наводите на обвинителството „жртвата која е роднина на обвинетиот е тешко повредана од убод во коленото“ за време на нивната тепачка која се случила кон крајот на јули 2020 година за време на семеен собир.

Според холандските медиуми, осомничен е Квинси Промес кој во декември 2020 година беше уапсен поради напад со нож. Овинителството во соопштението наведува дека осомничениот е пуштен два дена подоцна, откако беше сослушан по налог на обвинител.

Во моментот на апсењето, адвокатот на фудбалерот ги отфрли сите обвиненија.
– Промес ги негира обвинувањата. Тој не беше на лице место за време на инцидентот – изјави адвокатката Манон Алмонс за холандската новинаска агенција АНП и додаде додека фудбалерот „во целост соработува со истрагата“.
Квинси Промес е роден во Амстердам и играше за Ајакс кога се случи инцидентот. Оваа година се врати во Спартак Москва за кого настапуваше од 2014 до 2018 година, а беше дел од холандската репрезентација која настапи на Европското првенство на кое со 3:0 ја совлада Македонија.
Доколку биде прогласен за виновен, на Промес му се заканува затворска казна до четири години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Германија се препорачува допoлнителна доза вакцина против ковид-19

Следно

Земјотрес во северна Грција, го почувствувале и во Охрид, Битола и Ресен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian