Груби – Линхарт: Северна Македонија заслужува отварање на преговорите со ЕУ

2 mins read

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г. Артан Груби, денес оствари средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт.

Двајцата соговорници заклучија дека билатералните односи се одлични во сите области и дека во овој дух ќе продолжат и во иднина.
Првиот вицепремиер на Владата Груби, го информираше австрискиот министер Линхарт за политичката состојба во земјата, реформите што Владата ги презема на патот кон интеграцијата во Европската Унија, реформите во правосудниот систем, администрацијата и во други области.

Груби на средбата потенцираше дека на земјата и е потребна стабилна, проевропска Влада која ќе ги спроведува Охридскиот договор, Преспанскиот Договор,Договорот за Добрососедство со Бугарија, и ќе реализира капитални проекти кои ќе го подобрат животниот стандард.

Првиот вицепремиер Груби му кажа на г. Линхарт дека се надева Северна Македонија да постигне договор со Бугарија и на 14 Декември на Самитот на Европската Комисија да добие зелено светло за почеток на преговорите.

Груби истотака му се заблагодари на сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Република Австрија, Михаел Линхарт, за континуираната поддршка што Австрија и ја дава на Република Северна Македонија за интеграцијата на земјата и спроведувањето на внатрешните реформи.

Во меѓувреме, австрискиот министер Линхарт ја потврди поддршката на неговата земја за почеток на преговорите на РСМ со Европската Унија, нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан во европското семејство е повеќе од потребна бидејќи всушност овој регион и припаѓа на Европа.

Г. Линхарт му порача на Груби дека Австрија ќе продолжи да биде посветена за Северна Македонија што е можно поскоро да ги отпочне преговорите, не само поради фактот дека овој регион ќе претставува економско богатство за ЕУ, туку и поради фактот дека тој е важен дел за уште помоќна Европа.

На крајот од оваа средба, првиот вицепремиер г. Груби и австрискиот министер Линхарт истакнаа дека Северна Македонија и Австрија имаат добра соработка на полето на економијата, при што во Република Северна Македонија веќе функционираат десетици компании со австриски капитал, што претставува јасен показател за продлабочување на оваа соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Девет совети како да се грижите за здравјето на вашите бубрези

Следно

Акција за чистење на сите основни училишта во Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian