Грчката полиција ги апси антиваксерите

1 min read

Грчкото обвинителство ќе нареди апсење на антиваксерите кои ги повикуваат граѓаните да не се вакцинираат, бидејќи го загрозуваат својот живот и животот на другите, со што стапи на сила нова одредба од Кривичниот Кодекс за ширење лажни вести.

Адвокатот Никос Антонијадис, кој долго време беше на чело на антиваксерските кампањи,  денеска е уапсен, а обвинет е за ширење лажни вести и поттикнување непослушност, објави „Катимерини“.

Неговото апсење е наредено од обвинителството во Атина, кое веќе подолго време спроведува релевантни истраги за дејствијата на антиваксерот.

Антониадис, кој оттогаш е ослободен од притвор, тврди дека пациентите со ковид биле интубирани без причина и дека вакцините имале последици по здравјето на пациентите.

Грција под жесток удар на петтиот бран на коронавирусот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Моќна порака од Пикси: Не ми требаат пари, би продал се за да одам во Катар

Следно

Никој не знае каде е „најтажната принцеза на светот“: Принцот Алберт ја сместил во установа на тајно место

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian