Франција: Бројот на ковид-тестовите е повторно во пораст

2 mins read

По неколку последователни месеци на опаѓање, побарувачката за РТ-ПЦР и антигенски тестови се зголеми за повеќе од 15 отсто минатата недела во Франција.

Со враќањето на студеното време, се вратија и контаминациите, а со тоа и бројот на тестовите. Додека во вторникот беа избројани повеќе од 20 000 нови случаи, бројот на тестови извршени секоја недела повторно почна да расте од минатата недела. Според податоците на Дирекцијата за истражување, студии, евалуација и статистика при Министерството за здравство, од 8 до 14 ноември биле искористени 2,1 милион примероци.

Побарувачката особено скокна помеѓу недела 7 и понеделник 8 ноември, за 14 отсто во еден ден, надминувајќи ја границата од два милиони. Во текот на една недела, зголемувањето беше нешто под 16 отсто. Инаку ова е прв пат неделниот број на тестови да се зголеми од средината на август. Друг знак за зголемување на побарувачката на тестовите, е фактот дека повеќе од 450 000 примероци беа потврдени на 12 ноември, бројка веројатно засилена со претходниот празничен ден. Толку висока бројка не беше постигната по одлуката за плаќање на тестовите, која влезе на сила на 15 октомври.

Бројот на тестови повторно е во пораст кај сите возрасни групи, и тоа драматично кај младите од 0 до 15 години, кои се вратија на училиште и кај лицата на возраст пд 26-65 години.

Теоретски, тестовите не се бесплатни од средината на октомври. Всушност, сепак, тие остануваат рефундирани во огромното мнозинство на случаи, без разлика дали се вакцинирани лица – повеќе од три четвртини од Французите – и луѓе на возраст под 12 години – или речиси 9 милиони дополнителни лица. Покрај овие случаи, лицата кои не биле вакцинирани, но имаат лекарски рецепт, или лица идентификувани како случај на контакт со ризик.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГАЛЕРИЈА | Мајка создава уметност во чинија: Омилените ликови од филмови, играчки и цртани филмови

Следно

Николоски: Реџепи исчезна како во серијата за Ескобар, а збор не кажа пред седницата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian