Девет совети како да се грижите за здравјето на вашите бубрези

5 mins read

Хипертензија, дијабетес, семејна историја на бубрежна болест, дебелина, пушење, возраст над 50 години. Доколку имате еден или повеќе од овие ризик-фактори, можноста за развој на бубрежна болест е поголема. За да ја намалите оваа можност, препорачуваме да воведете здрав начин на живот

Бубрезите се едни од клучните органи во вашето тело. Тие прават многу за вас секој ден, почнувајќи од филтрирање на токсините, одржување на хемиската рамнотежа на крвта, сѐ до производство на хормони. Грижата за нив не е тешка, ниту компликувана. Она што треба да направите е да ги спроведете советите што ќе ги најдете подолу. Тоа ќе ви помогне да ги одржите здрави вашите бубрези.

Еве неколку совети како да се грижите за своите бубрези со цел да избегнете можна бубрежна болест:

Не пушете. Пушењето ја намалува циркулацијата на крвта и тоа може да резултира со недоволно снабдување на бубрезите со крв. Ако овие органи не добиваат доволно крв, тие не можат да функционираат правилно. Пушењето исто така ги зголемува шансите за развој на рак на бубрезите.
Вежбајте, практикувајте редовна физичка активност. Одржувањето на вашето тело во форма и физичката активност се важни за вашето целокупно здравје. Вежбањето може да помогне во подобрувањето на телесната циркулација и намалување на крвниот притисок, кој е главен ризик-фактор за проблеми со бубрезите.

Одржувајте нормална телесна тежина. Бубрезите работат понапорно кај лицата со прекумерна тежина за да ја компензираат дополнителната телесна маса. Потребен е поголем напор за филтрирање на отпадот и управување со другите функции на телото кога има повеќе телесна маса за опслужување.

Избегнувајте сол. Намалувањето на внесот на сол може значително да влијае на голем број ризик-фактори што се поврзни со проблемите со бубрезите. Избегнувајте преработена и конзервирана храна секогаш кога е можно, бидејќи таа содржи големи количини на сол и натриум.

Контролирајте го нивото на шеќер во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта може да ги оштети крвните садови во бубрезите, предизвикувајќи нивно неправилно функционирање. За да ги заштитите овие органи, важно е да го одржувате шеќерот во крвта во границите на нормалата.

Пијте вода. Да се биде хидриран, т.е да се внесува соодветно количество вода помага на вашите бубрези да функционираат нормално, отстранувајќи ја солта и токсините од вашето тело. Не се препорачува да пиете прекумерни количини вода наеднаш, подобро е да пиете континуирано во текот на денот.

Дознајте ја вашата семејна историја. Некои бубрежни заболувања се наследни. Дијабетесот и високиот крвен притисок, исто така, имаат тенденција да имаат генетска компонента. Разговарајте со членовите на вашето семејство за сите овие состојби за да одредите дали сте изложени на висок ризик за проблеми со бубрезите како што се инфекции на бубрезите и бубрежни заболувања.

Проверете ги бубрезите. Постојат два вида тестови што даваат точни информации за тоа дали вашите бубрези се здрави. Тоа се анализа на урина и анализа на крв. Анализата на урината ќе утврди кои типови на протеини и албумин се присутни во вашата урина. Различни видови може да укажуваат на бубрежна болест. Тестот на крвта ќе открие колку отпад има во вашата крв и исто така ќе утврди дали вашите бубрези ја вршат правилно својата функција.

Обрнете внимание на лековите. Бубрезите се одговорни за отстранување /филтрирање на лековите од телото. Земањето премногу лекови против болки во тек на долг временски период, може да предизвика оштетување на бубрезите. Најштетни видови на лекови се нестероидните антиинфламаторни лекови. Оние кои земаат лекови за хронична болка, треба задолжително да се консултираат со својот лекар и за можна примена на други методи за ублажување на болката што не се штетни на нивните бубрези.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пипен повторно го пецна „летечкиот“: Џордан ја уништи кошарката, Леброн е најдобриот во историјата

Следно

Груби – Линхарт: Северна Македонија заслужува отварање на преговорите со ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian