Белоруски медиуми тврдат дека мигрантите ја напуштаат границата меѓу Белорусија и Полска

1 min read

Сите мигранти ги напуштиле двата кампа во близина на границата меѓу Белорусија и Полска, јави денеска белоруската новинска агенција Белта.

Според агенцијата, зад мигрантите останале шатори, фрлена облека и запалени огнови.

Известувач на агенцијата Тас јави дека повеќе од 500 мигранти го напуштиле импровизираниот камп недалеку од транспортно-логистичкиот центар Брузги, а останале 300 до 400 од вкупно 2000 што дошле пред 11 дена.

Белоруски граничари во групи од 70 до 100 луѓе ги придружувале до транспортно-логистичкиот центар, оддалечен 1,5 километар од границата.

На границата на Белорусија со Полска и со балтичките земји од летово е зголемен приливот на мигранти од Блискиот Исток и Африка, кои се обидуваат да влезат во Западна Европа.

Ситуацијата ескалираше на 8 ноември, кога на оградата се собраа повеќе од 2.000 луѓе, кои неколкупати се обидоа да ги пробијат бариерите.

Полските граничари употребија солзавец, по што мигрантите поставија камп во близина на контролниот пункт Брузги во регионот Гродно.

Во понеделникот околу 3500 луѓе преминале од кампот до контролниот пункт и се населија на граничната линија, а судирите со полските безбедносни сили почнале следниот ден.

Мигрантите ги гаѓаа со камења и стапови, а тие одговорија со солзавец, шок бомби и водени топови.

Дел од бегалците во средата се преселија во транспортно-логистичкиот центар каде Белорусите организираа ноќевање, а дел се вратија во шумата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Оваа вила се продава за половина милијарда евра, еден детаљ ја прави посебна

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Кастриот избега од дебата, отиде кај киднаперот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian