Во Кисела Вода се гради фекална канализација од 1.100 метри

1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска истакна дека по 30 години во Речиште започнуваат со изградба на фекална канализација, проблем со кој што граѓаните се мачеле изминативе 30-тина години, а бил еден од приоритетите во програмата.

-Денеска започнуваме со зафат кој што вклучува 1.100 метра фекална канализација, практично цел овој појас овде од околу над 200 домаќинства ќе бидат покриени и на тој начин ќе го решиме овој нивни долгогодишен проблем.

Дополнително за овој проект ние како општина издвоивме 17.5 милиони денари средства пари од нашите граѓани кои што ги насочуваме директно кон нив, вели Ѓорѓиевски.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Луѓето пешачат 1.000 чекори повеќе дневно ако пијат кафе, тврди истражување

Следно

Лукашенко го стопираше дотокот на нафта за половина Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian