ВИДЕО: Големо невреме на Сицилија, едно лице мртво

1 min read

Едно лице загина во силно невреме што ја погоди јужна Сицилија.

Обилните дождови оштетија имот, а водата ги поплави улиците и ги принуди властите да ги затворат училиштата, пренесува Ројтерс.

Ова е втор пат во еден месец екстремно лошо време да го погоди овој медитерански остров, по реткиот ураган што зафати делови од западна Сицилија кон крајот на октомври.

50-годишен маж загинал во торнадо додека рано утрото излегувал од куќата во близина на градот Рагуза, соопшти Канцеларијата за цивилна заштита. Фотографиите од областа покажуваат дека ветрот го превртел комбето и ги разнел прозорците на куќите.

Повеќе торнада го погодија регионот утринава, соопштија властите, откако обилните дождови предизвикаа поројни поплави во неколку градови.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славески: Бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време

Следно

ЕВН: Нема приватни броила во ГТЦ, се носи струја до трафостаница а потоа се дели по дуќаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian