ВИДЕО АНКЕТА: Граѓаните ги поддржуваат новите рестриктивни мерки за невакцинираните

1 min read

Сите вработени во јавна и државна администрација нема да може да влезат на работното место без да покажат сертификат за вакцинација, ПЦР тест не постар од 72 часа или сертификат за прележаност на ковид-19 не повеќе од 45 дена.

Оваа рестрикција денеска со консензус ја препорачаа сите членови на Комисијата за заразни болести и ќе се најде на дискусија на кризен штаб и на владина седница, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Комисијата препорача и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали се согласуваат со новите рестриктивни мерки за невакцинираните, а тие беа едногласни дека сите мора да се вакцинираат ако сакаме да постигнеме колективен имунитет, бидејќи здравствениот систем веќе е на колена.

Погледнете ја анкетата во продолжение:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Татарите во Полска им помагаат на мигрантите на полско-белоруската граница

Следно

„Движењето за права и свободи“ ги повика бугарските гласачи во вториот круг од претседателските избори да гласаат според совеста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian