ВИДЕО | Ангелов: Во кол центарот 112 потребни се луѓе кои знаат да работат во услови на стрес

1 min read

Македонија од идната година се вклучува во системот Е – 112. Се работи за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на Европската унија, а целта е преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

-Се работи за оперативен систем во кој операторите мора веднаш да реагираат, се работи за секунди од примање на повиците до испраќање на екипи за интервенција, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во однос на кадарот кој ќе работи во службата 112 Ангелов нагласи дека се бара одредена стручност и подготвеност на операторите за да можат да одговорат на предизвиците на оваа работа.

-Ќе се полагаат тестови за интелигенција, психолошки тестови, пожелно е познавање на англиски јазик како и некој друг странски јазик. Се работи за луѓе кои ќе знаат да работат во услови на стрес, нагласи Ангелов, објаснувајќи ја тежината на работата и одговорноста која ќе ја имаат овие вработени.

Целиот разговор проследете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов Зеланд повторно го менува пристапот кон пандемијата

Следно

СЗО: Рапидно расте бројот на заразени од ковид-19 во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian