Слика на Фрида Кало продадена за 34,9 милиони долари

2 mins read

Автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало е продаден преку аукциската куќа Sotheby’s во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари (25 милиони фунти). Тоа е највисоката цена некогаш платена на аукција за едно уметничко дело од Латинска Америка, јавува Би-Би-Си.

Рекордот претходно го држеше Диего Ривера, со кого Кало имаше турбулентни односи со децении. Неговото дело е продадено за 9,76 милиони долари во 2018 година. Делото на Фрида Кало наречено „”Diego y Yo“ беше еден од последните автопортрети што таа ги наслика. Делото прикажува расплакана Кало со сопругот насликан над нејзините очи во форма на трето око.

На него се прикажани Фрида и нејзиниот сопруг и фатална љубов, Диего Ривера. Делото кажува многу за маж кој и предизвикал големи страдања и покрај тоа или само затоа што бескрајно го сакала.

„Имав две тешки несреќи во животот“, велеше Фрида. „Првата беше кога ме прегази трамвај, втората беше Диего“.

Нејзините дела се препознатливи токму благодарение на нејзиниот лик. Речиси без исклучок, Кало црташе автопортрети на кои беше облечена во мексиканска народна носија, нејзината густа црна коса беше украсена со контрастни шарени цветови, а нејзините длабоки очи беа истакнати со поврзани темни веѓи. Нејзината неконвенционална убавина е нагласена со нејзиниот препознатлив стил на сликање.

Истата аукциска куќа го продаде ова дело пред повеќе од 30 години. Тогаш беше купен од колекционерката на уметнички дела и трговец на мало Мери-Ан за скромни 1,4 милиони долари. Тоа беше потег кој се покажа како паметна инвестиција. Во тоа време, тоа беше првото дело на уметник од Латинска Америка што ја надмина цената од милион долари.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Семките од тиква се најздравата ужина: полни се со состојки кои го поттикнуваат здравјето

Следно

До крајот на 2023 година пруга до скопскиот аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian