СДСМ: Мицкоски да каже како е поврзан со скандалот со криминални парцели

1 min read

„Во јавноста секојдневно излегуваат детали за скандалозна препродажба на земјиште каде вмешани се функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е и Влатко Илиевски, човек од личното обезбедување на Мицкоски кој продал земјиште по неверојатна цена од 500.000 евра“, пишува во соопштението кое попладнево го издаде Социјалдемократскиот сојуз.

„Наместо да се крие зад портпаролите Мицкоски да излезе пред јавноста и да одговори каква е неговата поврзаност со овој скандал? Дали со негово одобрување и знаење се склучени договорите? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?“, прашуваат од СДСМ.

„Затоа ли брзаше да се изгласа недоверба на Владата, за да го сокрие овој скандал?“, додаваат во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација” против ковид-19

Следно

ВИДЕО: Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Завршниот турнир во Торино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian