Рецепт за супа која е 100 пати поефикасна од антибиотик

3 mins read

Иако медицината постојано се развива, луѓето освен медикаментите, сакаат да се лекуваат и со природни препарати.

Пилешката супа направена со 50-тина чешниња лук, кромид и мајчина душица може да совлада поголема група на вируси на грип, кои предизвикуваат повраќање, дијареа, зголемена температура, главоболка и грчеви во желудникот.

Она што е одлично кај лукот е тоа што на него не влијаат мутациите, промените и новите вируси – тој успешно се бори со сите нивни варијанти. Тоа се должи на хемикалијата алицин, која докажано го намалува холестеролот и крвниот притисок и го спречува запушувањето на крвните садови.

Истражувањата покажале дека лукот може да биде поефикасен и од некои антибиотици во борбата против воспаленијата предизвикани од бактерии.

Кога ќе го згмечите чешнето лук, се ослободува алицин, кој заедно со другите состојки ги убива штетните оргазними, како вируси и бактерии, кои предизвикуваат настинки, грипови, воспаленија на ушите итн. Најдобро од сè, е што консумацијата на лукот не нанесува штета на оргазнимот, туку напротив, истиот претставува вистински благодат за здравјето.

Ви го претставуваме рецептот за пилешката супата со лук:

Состојки:

– 50 чешниња лук (околу 5 главици), исчистени и излупени
– 2 лажици путер
– 2 лажици маслиново масло
– 2 поголеми главици кромид, исечкани
– 1 лажица исечкана свежа мајчина душица
– 1,5 литар бистра пилешка супа (како основа)
– 1 свеж магдонос како зачин
– 1 китка свежи зачински билки – мајчина душица, ловоров лист, магдонос (можете да употребите и сушени зачини)
– 3 мали шолји стар леб исечкан на коцки
– 1 шолја полномасна павлака

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Отсечете ги врвовите (1/3) од главиците на лукот. Така подготвениот лук полијте го со маслиново масло и обвиткајте ги со алуминиумска фолија. Печете ги во рерна 90 минути, а потоа извадете ги и оставете ги да се изладат.
2. За тоа време загрејте 2 лажици малсиново масло и путер во лонец на средна температура. Динстајте го кромидот 10-тина минути. Иситнете ги печените изладени чешниња и додадете ги во динстаниот кромид. Измешајте, додадете ги исечканата мајчина душица, пилешката супа и ставете го свежо исечканиот магдонос и други зачински билки (или користете малку сушени).
3. Намалете ја температурата, додадете ги исечените коцки леб и оставете се да „крчка“ 5 минути додека лебот не омекне.
4. Кога супата ќе биде готова, ставете ја во блендер и убаво измиксајте ја за да добиете кремаста текстура. Потоа вратете ја во лонецот, додадете ја обичната павлака или павлаката за готвење. Оставете ја да дојде до степен на повторно зовривање. Тргнете ја од оган и додадете и сол и бибер по желба.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Завршниот турнир во Торино

Следно

Се одржа конститутивната седница на Советот на Град Скопје 17.11.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian