Потпишан Меморандум за соработка меѓу Театар „Комедија“ и Киевскиот музичко – драмски театар „П.К. Саксагански“

1 min read

Вршителката на должноста директор на Театар „Комедија“, Нора Шаќири-Марковиќ, и Игор Подолјанец, директор на Киевскиот академски регионален музичко-драмски театар „П.К. Саксагански“, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата и уметноста.

Со потпишувањето на Меморандумот ќе се овозможи да се интензивира соработката меѓу двете театарски институции преку реализација на повеќе заеднички програми и проекти, како и со размена на искуства.

Со тоа, Театарот „Комедија“ ќе ѝ овозможи на публиката во иднина да проследи претстави на оваа театарска куќа од Украина.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Се одржа конститутивната седница на Советот на Град Скопје 17.11.2021

Следно

10 здрави навики кои треба да ги научиме од британското кралско семејство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian