Објавена голема студија за несаканите ефекти од вакцините Pfizer, Moderna и Janssen

4 mins read

Не постои зголемен ризик од смрт од причини кои не се поврзани со КОВИД-19 меѓу оние кои биле вакцинирани против болеста, во споредба со оние кои не биле вакцинирани, тврди големата студија на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведена на 11 милиони луѓе.

Покрај тоа, студијата покажа дека примателите на вакцини имале пониски стапки на смртност од различни болести поврзани со КОВИД-19 во однос на невакцинираните поединци, откако се приспособиле за возраста, полот, расата, етничката припадност и другите демографски карактеристики и каде била спроведена студијата.

Во воведот на трудот, авторите посочуваат дека некои случаи на смрт по вакцинацијата се евидентирани во Американскиот систем за известување за несакани настани за вакцини (VAERS). Ваквите настани може да бидат последица на вакцинацијата, но не мора, бидејќи се очекува некои луѓе да умрат од различни причини во секое време од неколку недели во годината, дури и неколку недели по примањето на вакцините.

За да се знае дали постои врска помеѓу вакцинацијата и смртта, неопходно е да се спореди смртноста кај вакцинираната и невакцинираната популација од причини кои не се поврзани со КОВИД-19, на пример, од срцев удар или мозочен удар. Треба да се очекува дека ќе има помалку смртни случаи меѓу вакцинираните од КОВИД-19, што го потврди и студијата – стапката на смртност беше многукратно повисока кај невакцинираните.

Во групата невакцинирани се избрани лицата кај кои инфекцијата со коронавирус не била потврдена во рок од 30 дена од почетокот на истражувањето.

За да се обезбеди споредливо однесување за барање здравствена заштита меѓу оние кои ја примиле вакцината и оние кои не ја примиле, невакцинираните подобни поединци беа избрани од оние кои примиле најмалку една доза вакцина против грип во последните две години. Така, избегната е можноста причината за зголемена смртност кај невакцинираните да е неподготвеноста да се бараат здравствени услуги, вклучително и неподготвеноста да се вакцинираат воопшто.

Студијата беше спроведена од декември 2020 до јули 2021 година меѓу 11 милиони луѓе вклучени во Vaccine Safety Datalink (VSD). Тоа е проект за соработка помеѓу Канцеларијата за безбедност на вакцинација ЦДЦ и девет здравствени организации, а неговата улога е да собира електронски здравствени податоци, вклучително и информации за вакцините.

За да се спореди смртноста во двете групи, тимот анализирал податоци од 6,4 милиони вакцинирани и 4,6 милиони демографски слични невакцинирани. Примателите на вакцини одобрени во САД, но и во Европа – Pfizer-BioNTech Comirnaty, Moderna Spikevax и J & J / Janssen – се покажа дека имаат помал ризик од смрт отколку невакцинираните.

По исклучувањето на смртните случаи поврзани со КОВИД-19, стандардизираната стапка на смртност (SMR) по првата доза беше 0,42 за Pfizer-BioNTech и 0,37 за Modernа и 0,35 и 0,34 по втората доза. Овие стапки беа пониски од стапката 1,11 кај споредливата група на невакцинирани. Кај примателите на вакцината Janssen, вкупниот SMR изнесува 0,84, што е повторно пониско од стапката од 1,47 кај невакцинираната споредлива група.

Кај луѓето на возраст од 12 до 17 години, ризикот од смртност не се разликувал помеѓу оние кои биле вакцинирани со вакцината Pfizer и оние кои не биле вакцинирани. Во текот на истражувањето, кај оваа возрасна група се случиле 12 смртни случаи.

Врз основа на овие резултати, ЦДЦ препорача сите постари од 12 години да се вакцинираат.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | Студио 90: Софистицирана класика во скопски дом на тричлено семејство

Следно

Луѓето пешачат 1.000 чекори повеќе дневно ако пијат кафе, тврди истражување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian