„Новавакс“ поднесе барање за одобрување на својата вакцина во ЕУ

1 min read

Фармацевтскиот гигант „Новавакс“ поднесе барање за одобрување на неговата вакцина против коронавирус во ЕУ, а одлуката може да биде донесена „во рок од неколку недели“, соопшти денеска европскиот регулатор за лекови.

Доколку биде одобрена, тоа ќе биде петта вакцина одобрена за употреба во ЕУ – останатите четири се произведени од „Фајзер“, „Астр-Зенека“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Евалуацијата на вакцината, која е достапна под трговското име „Нуваксовид“, ќе се изврши „што е можно поскоро”, соопшти Европската агенција за лекови.

Мислењето за одобрението за ставање во промет може да се издаде во рок од неколку недели, „доколку дадените податоци се доволно веродостојни и целосни за да ја покажат ефикасноста, безбедноста и квалитетот на вакцината”, соопшти органот за контрола на лекови.

– Доколку ЕМА заклучи дека придобивките од „Нуваксовид“ ги надминуваат ризиците од заштитата од ковид-19, ќе препорача издавање условно одобрение за ставање во промет, велат од агенцијата.

Извор: МИА

ВИДЕО | Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација” против ковид-19

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец за малку ќе бил ограбен од свој пријател

Следно

ЕСМ: Немало експлозија во ХЕЦ „Вруток“, само 15-минутен прекин поради осигурувач на вод

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian