Нов Зеланд повторно го менува пристапот кон пандемијата

2 mins read

Нов Зеланд ќе го промени својот пристап кон пандемијата со ковид-19 во декември, изјави премиерката Џасинда Ардерн.

Во октомври, Ардерн изјави дека мерките против ширењето на коронавирусот може да се ублажат кога 90 отсто од жителите во секој регион би примиле две дози од вакцината.

Сепак, земјата сега се движи кон нова стратегија од почетокот на декември, без оглед на нивото на вакцинација, пренесува Гардијан.

„Пристапот на Нов Зеланд за елиминирање на инфекцијата функционираше добро, но пандемијата се промени. Речиси ниту една земја не го избегна Делта сојот, а Нов Зеланд не е исклучок. Сепак, можеме да бидеме исклучок од тоа колку добро го минимизираме вирусот и ги штитиме нашите луѓе од него, истакна Ардерн.

Новиот систем „семафор” ќе им овозможи на високоризичните бизниси да работат за вакцинирани клиенти на „зелено” и „жолто” ниво и да продолжат да работат со одредени ограничувања на „црвено”.

„Бизнисите ќе можат да се отворат за невакцинирани клиенти, но ќе се воведат ограничувања за да се спречи ширењето на вирусот меѓу луѓето кои најверојатно ќе се заразат“, додаде премиерката.

Според неа, ова е значајна промена за Новозеланѓаните. Владата се очекува да ја потврди новата стратегија на 29 ноември.

Од 15 декември, границите на Оукленд, најголемиот град во земјата, ќе бидат отворени за луѓе кои биле целосно вакцинирани или имаат негативен тест на Ковид-19. Градот беше отсечен од остатокот од Нов Зеланд по избувнувањето на Делта сојот во август. Со население од пет милиони, Нов Зеланд има регистрирано околу 9.000 случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата и 36 смртни случаи.

Светот се восхитуваше на нивната борба против коронавирусот, сега Нов Зеланд ја менува стратегијата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска ќе биде основан новиот состав на Советот на Град Скопје

Следно

ВИДЕО | Ангелов: Во кол центарот 112 потребни се луѓе кои знаат да работат во услови на стрес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian