Не е исклучена можноста Меси и Иниеста да се вратат во Барса

2 mins read

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона во средата на „Камп Ноу“ го претстави Дани Алвеш пред повеќе од 10.000 навивачи на клубот.

Лапорта му се заблагодари на Бразилецот што се врати во Барса во чии бои имаше славни моменти во кариерата. Во емотивен тон продолжува да се обраќа кон клупската легенда:

– Ќе го направиме тоа повторно, Дани. Тоа е ден пол со емоции кои се повторуваат како и првиот пат кога си стигнал во клубот. Алвеш е играч со најмногу титули во историјата. Ми кажа дека сака да се врати и му помогне на тимот – рече Лапорта.

Воедно првиот човек на каталонците не ја исклучува можноста за враќање на уште две легенди, Лионел Меси и Андрес Иниеста:

– Тоа се луѓето кои го направија овој клуб голем. Меси и Иниеста се спектакуларни, не можам да ја предвидам иднината, бидејќи тие сè уште играат. Секогаш ги имаме на ум, иако сега имаат договори со други клубови и тоа мора да го почитувате, но во животот никогаш не се знае – вели Лапорта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕСМ: Немало експлозија во ХЕЦ „Вруток“, само 15-минутен прекин поради осигурувач на вод

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Левичарски демонстранти го одбележаа бунтот и масакрот на Политехничкиот универзитет во Атина од 1973 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian