Муцунски: Сите спортисти од општината може да сметаат на нас

1 min read

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска во својата канцеларија прими неколку спортисти од Општина Аеродром на кои им додели благодарници за придонес и постигнување на значајни спортски успеси во регионални и светски рамки.

-Од своите најрани години, со својата желба, труд и посветеност во спортовите во кои се натпреваруваат, тие имаат прераснато во докажани професионалци кои зад себе имаат голем број на успеси. Сигурен сум дека и во годините кои доаѓаат им претстои блескава кариера исполнета со многу нови успеси, рече Муцунски. 

-Пред нив ја истакнав мојата заложба дека Општина Аеродром ќе излегува во пресрет и ќе помага на сите млади спортисти – без разлика дали станува збор за финансиска или друг вид на помош каде нашата општина има ингеренции. Токму поради тоа, планирано е од почетокот на новата година да се распише јавен конкурс преку кој на спортистите ќе може да им се помогне за сите свои барања и потреби, дополни градоначалникот. 

Муцунски вели дека како локална власт ќе инвестираат во спортот и спортската инфраструктура, а сите индивидуи секогаш ќе можат да сметаат на поддршка од Општина Аеродром.

-Ќе ги вложиме сите напори за ниту еден мотивиран и посветен спортист да не биде оневозможен во вршењето на своите активности, порача Муцунски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Креаторот на „Squid Game“ потврди дека ќе има втора сезона

Следно

Иран го забранува чувањето миленичиња и шетањето кучиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian