Македонскиот каратист Павлов ќе се бори за светското злато во Дубаи

1 min read

Емил Павлов испиша историја на Светското првенство во Дубаи откако се пласираше во финалето во категоријата до 67 килограми каде за противник ќе го има Стивен да Коста од Франција. Македонскиот караисти во полуфиналето славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен бидејќи борбата заврши 3:3.

Претходно на патот до финалето тој беше подобар од Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.

За Павлов ова е прв настап во категоријата до 67 килограми, откако претходно беше трикратен европски шампион во категоријата до 60 килограми.

Ова е најголем успех во историјата на македонското карате и ќе биде вкупно втор медал откако претходно со одличје од светските настани се закити само Жарко Арсовски.

Неговиот противник во финалето, Французинот да Коста е инаку олимписки шампион од Токио.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МТСП обезбеди дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања

Следно

Скандал во Турција: На Бали Бег му се закануваат четири години затвор!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian