Лукашенко ѝ нуди на Европската Унија крај на кризата во замена за признавање на неговиот мандат

1 min read

Естонската министерка за надворешни работи, Ева-Марија Лимец тврди дека белорускиот претседател Александар Лукашенко ѝ ветил на Европската Унија дека ќе стави крај на бегалската криза во замена за признавање на неговиот мандат и укинување на санкциите.

– Тој сака да се укинат санкциите и да му се признае мандатот на чело на државата, изјавила министерката, а пренесува агенцијата „Тасс“.

Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, пак, изјави дека Германија не го признава Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, но оти смета дека разговорите со него се неопходни за да се обезбеди хуманитарна помош за бегалците.

Мигрантската криза на белоруските граници со членките на Европската Унија ескалираше на 8 ноември кога неколку илјади луѓе се приближија до полската граница од белоруска страна и се обидоа да преминат во Полска.

Земјите од ЕУ го обвинуваат Минск за хибридната војна и повикаа на дополнителни санкции против Белорусија, а Лукашенко порача дека одговорни за новонастанатата ситуација со мигрантите се западните земји, чија политика, како што рече, ги принудува луѓето да бегаат од војни.

Меркел од Лукашенко побара да дозволи помош од ОН и Еврокомисијата за мигрантите на границата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Уна Чолиќ порасна во вистинска убавица: Привлекува повеќе внимание од Здравко

Следно

ФОТО: Еколошка катастрофа на Скопска Црна Гора, некој истурил катран во шумата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian