Лукашенко го стопираше дотокот на нафта за половина Европа

2 mins read

Белорусија објави дека се потребни „непланирани поправки“ на кракот на нафтоводот „Пријателство“ („Дружба“), кој доставува нафта од Русија до бројни земји од ЕУ.

Според најавите, работите за одржување ќе траат три дена.

Нафтоводот „Пријателството“ започнува во руски Татарстан и ја пренесува нафтата од западен Сибир, Урал и Каспиското Море во белорускиот град Мозир, каде што е поделена на северен и јужен крак.

Северниот крак го преминува остатокот од териотријата на Белорусија, потоа Полска и Шведска до Германија.

Јужниот крак поминува на југ низ Украина, а е поврзан и со нафтоводот Одеса-Броди. Во Ужгород гасоводот е поделен на линии до Словачка и Унгарија. Линијата низ Словачка повторно е поделена во близина на Братислава: еден крак води во северозападен правец кон Чешка, а другиот на југ кон Унгарија.

Фото: EPA/Eustream

Рускиот енергетски извозен гигант „Транснефт“ соопшти дека „испораките може да се соочат со краткорочни прекини“.

Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и се закани на Европа со прекин на дотокот на гас, поради мигрантската криза на границата со Полска, за што ја обвини Европската Унија.

 

„Ја снабдуваме Европа со парно, а тие се закануваат со затворање на границата. А што ако ние ја затвориме славината за доток на природен гас ? Затоа би им препорачал на лидерите на Полска, Литванија и другите празноглави поединци да размислат пред да зборуваат“, изјави Лукашенко.

 

ЕУ и НАТО го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите за вршење притисок врз Западот, испраќајќи ги бегалците од Блискиот Исток кон границите на Полска и балтичките земји.

Хаос со мигрантите на границата на Белорусија со Полска/Фото: Screenshot/Youtube

Брисел најави дека ќе воведе дополнителни санкции за Минск поради ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Кисела Вода се гради фекална канализација од 1.100 метри

Следно

ВИДЕО| Oколу 1.000 бебиња лани предвреме се родиле на ГАК

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian