Луѓето пешачат 1.000 чекори повеќе дневно ако пијат кафе, тврди истражување

2 mins read

Рандомизирана студија, која опфати 100 возрасни лица кои носат уреди за ЕКГ за континуирано снимање, следела внес на кофеин, движење, спиење и здравје во период од две недели. Според тим од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, имало и корисни и штетни краткорочни здравствени ефекти од кофеинот.

Во деновите кога волонтерите пиеле кафе, пешачеле дополнителни 1000 чекори во споредба со деновите кога не пиеле кафе, а секоја дополнителна шолја го зголемувала бројот на чекори за уште 600. Сепак, се покажало дека пиењето кафе го намалува времетраењето на спиењето за 36 минути за првата шолја и дополнителни 18 минути за секоја нова шолја од тој пијалок.

Немаше разлики во континуирано контролираната гликоза измерена кога учесниците во студијата консумирале кафе во споредба со деновите кога не пиеле.

Тимот не кажа зошто тоа би можело да биде така, туку само заклучи дека резултатите „ја нагласуваат сложената врска помеѓу кафето и здравјето“.

„Кафето е најчесто консумираниот пијалок во светот, но неговите здравствени ефекти остануваат нејасни“, вели авторот на студијата Грегори Маркус.

„Иако повеќето долгорочни набљудувачки студии сугерираат повеќекратни потенцијални придобивки од пиењето кафе, ова е прва студија која ги истражува физиолошките последици од конзумирањето кафе во реално време“.

„Почестата физичка активност, која беше поттикната од консумацијата на кафе, има низа здравствени придобивки, како што се намален ризик од дијабетес тип 2 и неколку видови на рак, а се поврзува и со подолг живот“, вели др. Маркус.

„Од друга страна, намалениот сон е поврзан со различни штетни психијатриски, невролошки и кардиоваскуларни исходи. Овие резултати ја нагласуваат сложената врска помеѓу кафето и здравјето“.

Студијата беше претставена на American Heart Association на Scientific Sessions оваа година.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Објавена голема студија за несаканите ефекти од вакцините Pfizer, Moderna и Janssen

Следно

Во Кисела Вода се гради фекална канализација од 1.100 метри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian