Кои се надлежностите на Советот на Град Скопје?

2 mins read

Денеска се одржа конститутивната седница на Советот на Град Скопје за чиј претседател е избран Трајко Славески. 

Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 члена коишто се избираат на општи, непосредни, слободни и демократски избори.

Членовите на Советот се избираат со мандат со времетраење од четири години, тие ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања. Членот на Советот не може да се отповика. 

Кои се надлежностите на Советот на Град Скопје?

  • Го донесува Статутот на Град Скопје и други законски прописи;
  • Го донесува буџетот и годишната сметка на Град Скопје;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Град Скопје, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежностите на Градот како и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, чиишто основач е Град Скопје;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџет и годишната сметка на Град Скопје;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со законот;
  • Ги усвојува извештаите за работа како и годишните сметки на јавните служби, чишто основач е Град Скопје;
  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Град Скопје;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиската контрола на буџетот на Град Скопје, во согласност со законот;
  • Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Град Скопје, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител;
  • Може да даде препораки на раководното лице во подрачната единица при Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во собраќајот;
  • Врши и други работи утврдени со закон. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Ѕвездата на „Династија“ заврши во брза помош во Белград, опишал што се случило

Следно

Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација” против ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian