Иран го забранува чувањето миленичиња и шетањето кучиња

1 min read

Иран наскоро ќе го казнува чувањето миленичиња и шетање кучиња, објавија локалните медиуми.

Тврдокорните во парламентот подготвија нов закон со кој шетањето на кучиња ќе се санкционира со високи казни, а ќе се одземат автомобили во кои три месеци ќе се возат домашни миленици, пишува АСР Иран.

Покрај тоа, станоиздавачите нема да можат да изнајмуваат куќа или стан на сопствениците на домашни миленици.

„Паника меѓу населението“

Според исламот, чувањето миленичиња во куќата се смета за нечисто, но иранските свештеници отидоа чекор понатаму верувајќи, на пример, дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.

Полицијата неколку пати се обиде да ја воведе забраната, но таа не се реализираше, па сега првпат се воведува со закон.

Но, познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленици да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски: Сите спортисти од општината може да сметаат на нас

Следно

Заев: Северна Македонија ги дели вредностите на Алијансата, а како кандидат за членство во ЕУ ги промовира европските вредности

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian