ФОТО: Еколошка катастрофа на Скопска Црна Гора, некој истурил катран во шумата

1 min read

Планинари од Скопје пред неколку дена останале шокирани откако во шума на Скопска Црна Гора ги пречекала вистинска еколошка катастрофа, пишува Фокус.

Низ шумата биле расфрлани пластични канистри со катран или мазут, кои некој најпрвин ги испразнил на падините на планината, а потоа и ги оставил во шумата. Талог од катран навлегол длабоко во почвата.

Еколошка катастрофа на Скопска Црна Гора / фото: Фокус.мк

Зоран Тодоровски е еден од планинарите кои биле сведоци на оваа глетка. Тој за „Фокус“ појаснува и каде точно се наоѓаат овие контејнери, изразувајќи надеж дека надлежните ќе ја исчистат локацијата.

„Местото е на стотина метри подолу од Спирова колиба, на самата патека која води до колибата. За ова дознав од социјалните мрежи, а пред некој ден се уверив и со свои очи. Се потресов, дури и ми се слоши. Патеката е од село Бродец до колибата и уредно е маркирана и најкористена од граѓаните. До местото може да се стигне со трактор многу лесно. Ако се спроведе истрага, мислам дека многу лесно може да се најде сторителот“, изјави Тодоровски.

Според член 21 од Кривичниот законик, за загадувачите кои ќе предизвикаат значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата или почвата или опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, предвидена е казна затвор од четири до десет години.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лукашенко ѝ нуди на Европската Унија крај на кризата во замена за признавање на неговиот мандат

Следно

ФОТО: Барди со Кејн и Левандовски во идеалниот тим на мундијалските квалификации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian