Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација” против ковид-19

2 mins read

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе.

Како што се приближува зимата и бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува, главниот медицински советник на Белата куќа Ентони Фаучи предупредува дека слабеењето на ефектот на вакцината во комбинација со високо преносливата делта варијанта на ќе доведе до „двоен удар” што ќе влијае дури и на вакцинираните луѓе.

– Малку вознемирувачки аспект од ова е тоа што ако го задржите нивото на динамика на вирусот во заедницата на високо ниво, очигледно луѓето кои се најранливи се невакцинираните, но кога имате вирус кој се пренесува како делта, во контекст на слабеење на вакцината, таа динамика негативно ќе влијае дури и на вакцинираните луѓе. Значи, тоа е двоен удар, рече тој на самитот СТАТ 2021.

– Ќе има зголемување на бројот на заразени меѓу вакцинираните, што ќе биде поголем од сега, додаде тој.

Неговото негативно предвидување е во согласност со предупредувањата на другите експерти кои го најавуваат новото ширење на Ковид-19, бидејќи се повеќе луѓе ќе поминуваат време во затворени простории како што се наближуваат празниците, за време на кои се одржуваат семејни собири.

Националниот дневен просек на нови случаи се искачи на повеќе од 80.000, според федералните податоци, што е највисока стапка за скоро еден месец.

Вкупно 40 американски држави во моментов покажуваат висока стапка на инфекција, а вкупниот број на хоспитализации се зголеми за првпат во речиси 10 недели.

Не само што ќе биде важно да се убедат приближно 60 милиони невакцинирани луѓе дека треба да се имунизираат, туку е многу важно „да се спроведе програма за третата доза од вакцината”, рече тој.

Фаучи додаде дека дополнителните дози на вакцината против Ковид-19 би можеле да станат стандард за „целосна” вакцинација.

Изјавите на Фаучи дојдоа во време кога сè поголем број држави и локални власти вршат притисок за продолжување на задолжителната вакцинација на трета доза.

Нивната цел е да ја воведат третата доза за сите возрасни најмалку шест месеци по втората вакцина на Фајзер или Модерна.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои се надлежностите на Советот на Град Скопје?

Следно

СДСМ: Мицкоски да каже како е поврзан со скандалот со криминални парцели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian