Како што се засилува бегалската криза во Белорусија, владата на Естонија денеска повика на 1.700 резервисти на ненајавена воена вежба за време на која, меѓу другото, ќе бидат поставени бариери од жица долж границата со Русија долга 40 километри, пренесува Ројтерс.
Европската унија ја обвини Белорусија дека ги охрабрува бегалците од Блискиот Исток и Африка да дојдат во земјата, а потоа ги упатуваво земјите членки на ЕУ и НАТО – Полска, Литванија и Летонија за да се одмаздат за санкциите воведени кон Минск.
Белорусија ги отфрли обвинувањата.
ЕК со порака до Белорусија: Искористувањето на мигрантите нема да помогнат во плановите на Лукашенко