„Движењето за права и свободи“ ги повика бугарските гласачи во вториот круг од претседателските избори да гласаат според совеста

1 min read

Лидерот на „Движењето за права и слободи“, кое ги обединува главно бугарските граѓани со турско потекло, Мустафа Карадај, ги повика гласачите сами да одлучат за кого ќе гласаат во вториот круг од претседателските избори, односно да изберат меѓу двајцата претседателски кандидати Румен Радев или Анастас Герџиков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Карадај, одлуката за тоа кој да биде поддржан од гласачите на ДПС ќе биде нивна лична одлука и дека тие се многу мудри и ќе го направат вистинскиот избор и ќе изберат претседател кој е најблизок до нивниот замислен профил.

– На Бугарија ѝ треба единство на нацијата затоа што нема просперитет во општество што е поделено, објасни тој.

На последниот парламентарен и првиот круг од претседателските избори во Бугарија, ДПС постигна многу добар изборен резултат – 11,50 отсто во однос на претходните парламентарни избори на 11 јули. Со овие проценти ДПС ќе има 35 пратеници во 47. Народно собрание на Бугарија, пред Бугарската социјалистичка партија и се исфрлија како трета политичка сила во земјата.

Во првиот круг од претседа телските избори во Бугарија, Румен Радев доби 49 отсто од гласовите, а неговиот ривал и ректор на софискиот универзитет, проф. Анастас Герџиков, кој беше поддржан од ГЕРБ-СДС, доби 22,30 отсто.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО АНКЕТА: Граѓаните ги поддржуваат новите рестриктивни мерки за невакцинираните

Следно

Повторно на нозе! Кралицата Елизабета Втора ја одржа првата официјална средба по нарушеното здравје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian