До крајот на 2023 година пруга до скопскиот аеродром

1 min read

По повод одбележувањето на 150 години од основањето на Македонските железници во далечната 1873 година, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници планира до крајот на 2023 година да ја заврши изградбата на пругата од железничката станица Илинден до Меѓународниот аеродром Скопје.

На тој начин, Скопје ќе добие аеродромски воз што би сообраќал од Транспортниот центар до аеродромот.

Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Хари Локвенец за Мета.мк информира дека во моментов работат на изработка на проектната задача што следи пред изготвување на физибилити студијата за идната пруга што ќе биде долга 8 километри. Локвенец појаснува дека токму физибилити студијата ќе даде податоци за оправданоста за реализација на проектот, но и неговата прецизна финансиска вредност.

-Нашите очекувања се дека до крајот на 2022 или почетокот на 2023 година би требало да се почне со градежните работи на терен и да се заврши во рок од една година, истакнува директорот Локвенец.

Тој додава дека лесниот терен на којшто ќе се гради пругата ќе овозможи експедитивно завршување на изведбата на овој проект.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Слика на Фрида Кало продадена за 34,9 милиони долари

Следно

Парламентарната комисија му го укина имунитетот на Себастијан Курц

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian