Арсовска ги прими граѓанските предлози за еколошки чисто Скопје

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера оствари средби со граѓански активисти кои делуваат во областа на екологијата.

Арсовска првин се сретна со граѓанската активистка Ирена Ристиќ, а на средбата се разговарало за 20 конкретни предлози кои треба да се земат во предвид со цел креирање сеопфатно решение за Скопје да биде еколошки чист град.

Ристиќ на градоначалничката и врачи листа граѓански предлози на разгледување, со цел запознавање што е истакнато како приоритетно.

-Се договоривме на следната средба да координираме потенцијални заеднички активности и да се утврди прогрес на реализација на доставените предлози, информираше Арсовска по средбата.

Исто така, таа се сретна и со претставниците на граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Драгана Велковска и Горјан Јовановски. Разговарале за предлозите за одржлив и праведен развој на Скопје.

-Беа истакнати предлози за вклучување на граѓаните и релевантните организации во процесот на носење одлуки, конципирање зелен и хуман Генерален урбанистички план за Скопје и зелениот катастар. Конкретни чекори беа договорени за разгледување на над 30 предлози за одржлив и праведен развој на градот, произлезени од Граѓанскиот буџетски форум на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, рече Арсовска по средбата.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

„Скандалозниот“ фустан на Кендал Џенер кој повеќе открива отколку што покрива (ФОТО)

Следно

ЕУ подлегна на „уцената на Путин“, Германија возврати: Играта околу гасот станува се повалкана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian