ВИДЕО: Ковид-пандемијата ја забрза дигитализацијата, медиумите за кратко време еволуираа

4 mins read

Ковид-пандемијата ја забрза дигитализацијата во многу сектори поради што новинарството мораше итно да се прилагоди кон новите промени. Ова само по себе имаше и позитивни и негативни страни, посочуваат новинари и уредници со кои разговараа „Слободен печат“ и агенцијата МИНА од Црна Гора. Медиумите и во двете земји за кратко време еволуираа и усвоија многу нови дигитални техники.

Заменикот одговорен уредник на весникот „Слободен печат“ Жарко Јорданоски смета дека главен проблем за време на пандемијата е намаленото присуство на новинарите на самото место на настанот.

– Бидејќи бевме принудени да се префрлиме на работа од дома, а истовремено тоа значи работење комплетно онлајн, односно преку интернет, тоа ја усложни работата во смисла на отсуство на онаа жива комуникација со новинарите од една страна меѓу уредниците и новинарите. Од друга страна ја отежни комуникацијата на самите новинари со нивните извори на информации и бевме принудени брзо да усвоиме некои нови техники, технологии, нови платформи да научиме, дигитални, да ги користиме помалку или повеќе успешно, и за кратко време успеавме да ги задоволиме елементарните задачи на струката – вели Јорданоски.

Иако преполовеното присуство во редакциите им ја поедностави работата на новинарите, кај нив остана стравот дека изложувањето на ризик на вирусот создава психолошка бариера при ефикасното извршување на работните обврски.

– Ако ме прашате што ми ја поедностави работата во пандемијата, ми ја поедностави тоа што на моменти или на периоди одевме во групи и одевме многу помалку луѓе на работа. Наеднаш се среќававме вкупно по седум-осум луѓе во цела телевизија, за да нели, го избегнеме контактот со вирусот и работевме во такви услови и научивме дека можеме и така да работиме за да бидеме продуктивни, дури и попродуктивни отколку кога сме некогаш многу во редакцијата, вели Младен Чадиковски, главен уредник на Телевизија 24 и претседател на Задружението на новинари.

Недостатокот на маски и средства за дезинфекција се проблемите со кои се соочуваа сите медиуми на почетокот на пандемијата, но и препораките и мерките за заштита кои институциите треба да им ги обезбедат со цел новинарите да не се чувствуваат загрозено на работното место.

– Луѓето претежно ми се јавуваа и бараа да реагираме на тие работи, дали мораат да одат на терен, а ако одат, какви би требале да се односите кон нив, посебно фоторепортерите имаа проблеми кои не можеа да си ја работат работата. Или се беше затворено, институциите самите ги праќаа фотографиите и снимките. Ние како новинари мораме да се држиме до препораките на Институтот за јавно здравје. Најпрво мораме да се вакцинираме, бидејќи меѓу колегите имаме и од оние кои се скептични, вели Мила Радуловиќ од Здружението на новинари од Црна Гора.

Постојаното чувство на страв сепак е најненадоместливата штета кај вработените во овој сектор.

– Кога ќе си го вратам филмот малку наназад, можеби тоа тогаш ми беше некако најстресно во сето тоа, кога одев да снимам во ковид амбулантата овде во центарот. Тогаш беше кулминацијата на епидемијата и просто мислам тоа е репортажа за која секако постоеше јавен интерес да се направи, но одевме да снимаме луѓе кои се веќе заразени па дошле таму на контрола, или луѓе кои имаат очигледни симптоми на коронавирусот и дошле да се тестираат и да утврдат дали имаат коронавирус. Така што, тоа беше доста предизвикувачки, вели новинарката Тијана Правиловиќ од ТВ Вијести од Црна Гора.

Целиот прилог погледнете го во видеото во продолжение:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Савевски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Следно

ФОТО | И во времето на Тито имало антиваксери, а еве каква казна следувала за нив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian