ВИДЕО | Архитектот Радоњиќ: Законот за легализација на дивоградбите е незаконски

2 mins read

Станбени згради високи до 8 ката и парк ќе се градат на просторот на поранешната фабрика „Треска“ доколку основниот проект се изведе според идејното решение што победи на конкурсот на Општина Центар.

Извештајот за работа, резултатите и идејните решенија ги објави претседателот на жири комисијата архитектот Миодраг Радоњиќ Бато, кој во извештајот објаснува дека со пристигнати само три конкурсни труда, можноста за избор на квалитетни и креативни решенија била значително ограничена. Тој беше гостин во денешен Утрински брифинг.

– Еден од најбитните фактори е тоа што рокот на конкурсот за проектот Треска беше многу краток, наградите беа толку мали што може да се рече дека беа и потценувачки. Се направи напор да се зголемат наградите и да се продолжи рокот за месец дена, вели за УБ архитектот Миодраг Радоњиќ Бато.

Ова беше анонимен анкетен конкурс на кој можеа да учествуваат сите со одредени квалификации. Но конкурсот е ставен во јавни набавки и на тој начин никој од страна нема да дојде и да конкурира. Станува збор за новиот комплекс Треска распространет на 6,3 хектари кои се во сопственост од 35 отсто на граѓаните.

-Важно беше да се задоволи јавниот интерес а и да се задоволат интересите на сопствениците на парцелите околу комплексот Треска. Локацијата претходно беше под мораториум, со цел да спречат дивеење на урбаните мафии, може ли да се ослободиме од мораториумот како метод? Јас бев еден од тие кој меѓу првите го поддржа мораториумот како мерка, но предолгото траење на мерката може да биде контрапродуктивно. Постои можност со законската регулатива одредени делови да се издвојат и да се направи посебна програма. Еве тоа се случи и сега комплексот Треска да се издвои и да се направи план за него. Со измените и дополните на зЗаконот за градежништво тоа ќе биде вметнато во законската регулатива, вели за УБ архитектот Миодраг Радоњиќ Бато.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руски канибал осуден со смртна казна, убивал луѓе, а нивното месо го јадел со вотка

Следно

Георгиевски: ПИК Сегед е тежок и добро познат противник, против нас играат со голем мотив

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian