Вашингтон од понеделник го укинува задолжително носење маски во затворен простор

1 min read

Главниот град на САД, Вашингтон, едно од местата со најстроги антиковид мерки во земјата, од следната недела ќе го укине задолжителното носење маска во затворен простор, соопшти денеска градоначалничката Мјуриел Боузер.

– Од понеделник Вашингтон ја укинува обврската за носење маска во затворен простор, рече таа на денешната прес-конференција.

Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи и таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата, библиотеките, домовите за стари лица, како и во некои јавни згради.

Главниот град на САД на крајот на јули воведе задолжително носење маска за вакцинирани и невакцинирани лица поради зголемениот број на инфекции поврзани со делта сојот на коронавирусот.

Со мерката Вашингтон важеше за еден од градовите со најстроги мерки поврзани со коронавирусот во земјата.

Американскиот центар за превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека, сепак, иако бројот на инфекции во Вашингтон е стабилизиран, постои загриженост дека градот е место каде што циркулацијата на вирусот е сè уште значајна.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР со официјално соопштение за пријавата во ГТЦ

Следно

Нов лажен профил на Фејсбук со името на Првата дама, се лажат граѓаните со „донации“ од 5.000 евра

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian