Тинејџер од Тексас запалил синагога на Ноќта на вештерките

1 min read

Тинејџер од Тексас е обвинет дека запалил синагога во Остин на Ноќта на вештерките.

Обвинителите во петокот соопштија дека Френклин Барет Сехрист, 18-годишен студент на Државниот универзитет во Тексас, намерно ја запалил синагогата на Конгрегацијата Бет Израел ноќта на 31 октомври.

Откако го пребарале неговото возило, агентите на ФБИ пронашле состојки за правење молотови коктели и налепница со кукасти крстови на која пишува „Убиј ги сите“. Во неговата куќа пронашле календар со расистички натпис и дневник на кој пишува: „Ја запалив синагогата“.

Тој бил снимен од надзорните камери

Полицијата го уапсила Сехрист бидејќи наводно бил снимен од надзорните камери. Неколку секунди по избувнувањето на пожарот, тинејџерот е снимен како бега од местото кон својот автомобил, пишува Еј-Би-Си њуз.

Обвинителите тврдат дека синагогата била оштетена за 25.000 долари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убиство во Кавадарци: Осомничениот заминува во притвор

Следно

МЗ: Со новите измени на законот лекари специјалисти може да работат во кое било ЈЗУ во Република Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian