Српскиот кошаркар Стеван Јеловац се наоѓа во болница во Атина откако во неделата доживеал мозочен удар на тренингот на АЕК.
Грчките медиуми пренесуваат дека Јеловац се чувствувал лошо и дека само колабирал, за во меѓувреме да се појави информација дека врз него бил извршен и оперативен зафат.
Што се однесува до актуелната здравствена ситуација на Јеловац, медиумите се поделени, едни тврдат дека неговата состојба е стабилна, додека водечките грчки медиуми пак пишуваат дека наредните 48 часа се клучни и критични за животот за поранешниот српски репрезентативец.
АЕК вчера играше натпревар во Лигата на шампионите на ФИБА против Рига, а плејмејкерот на грчкиот тим Кино Колом, победата му ја посвети токму на Јеловац.
– Ова е повеќе од кошарка,здравјето е најважно и сите се надеваме дека Стеван ќе се опорави. Оваа победа е за него, сите му посакуваме сè најдобро и се надеваме дека наскоро повторно ќе биде со нас – изјави Колом.
ΟΛΟΙ ΜΑΖΙ μια μεγάλη αγκαλιά για τον άτυχο Γέλοβατς. Κράτα γερά, αδερφέ μας Στέφαν… #AEKBC pic.twitter.com/09fds3VC9I
— AEK B.C. (@aekbcgr) November 15, 2021