Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот од на ракометарки за претстојниот собир во рамки на ЕХФ неделата во периодот од 22 до 30 ноември.
Ракометарките за време на ЕХФ неделата ќе одиграат два пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија. Натреварите е предвидено да се играат на 27 и 29 ноември во Стара Пазова, Србија.
Селекторот Савевски за овој собир не може да смета на капитенот Елена Ѓоргиевска која се рехабилитира по операцијата.