Руски канибал осуден на смртна казна, убивал луѓе, а нивното месо го јадел со вотка

2 mins read

Руски канибал е осуден на доживотен затвор затоа што убил три лица и го изел нивното сирово месо со вотка.

32-годишниот Владимир Јадне застрелал и убил двајца мажи и една жена истата ноќ во изолираното сибирско село Газ-Сале. Првите убиства ги извршил додека се враќал од продавницата од каде го купуил алкохолот,  кога ги видел жртвите.

Откако ги видел, тој ги препознал како негови поранешни пријатели, по што довело до расправија, а Јадне потоа ги избодел 51-годишен маж и 59-годишна жена.

„Тогаш реши да го вкуси месото на неодамна убиените луѓе“ рече Ина Носова, шеф на одделот за кривична правда во регионот Јамалија.

Месото го јадел со вотка

Според „Дејли мејл“, Јадне не ни го зготвил месото, туку тоа го јадел сирово. Истата вечер, на 6 март годинава, убил уште еден маж на возраст од 52 години, а потоа исто така му го изел месото. Полицијата ги пронашла посмртните останки на третата жртва на различна локација од посмртните останки на парот.

Јадне била уапсен неколку часа подоцна и веднаш ги признала сите три убиства. Тој го реконструирал и злосторството и покажал како со нож ги убива своите жртви, што го снимила полицијата.

Психијатриските прегледи откриле дека убиецот бил „свесен“ кога ги извршил убиствата и канибалскиот чин. Јадне е осуден на доживотен затвор во строга затворска колонија, наведува „Дејли мејл“.

Сличен случај се случи и во Русија пред две години, кога еден маж беше уапсен откако полицијата пронашла делумно изедени тела на три жртви на убиството. Остатоците на три лица биле пронајдени во Архангелск, на северот на Русија, заедно со остатоци од распарчени кучиња, мачки и птици.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Герасимовски: Го средуваме градежниот хаос на улица „Козара“

Следно

Димитриевски ќе бара пренамена на средствата за новогодишно украсување поради енергетската криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian