Познатиот хонгконгшки режисер, Џон Ву, се враќа во Холивуд со „Silent Night“, акционен филм во кој главната улога ќе ја толкува Џоел Кинаман. Децении по филмот „Paycheck“ од 2003 година со Бен Афлек, ова е првиот американски акционен филм на Џон Ву.
Според филмскиот сајт Deadline, „Silent Night“ ја следи приказната на еден татко кој оди во подземјето за да се одмазди за смртта на својот мал син, а она што е особено интересно за овој филм е фактот што во него воопшто нема да има дијалог.
View this post on Instagram
Деталите за филмот сè уште не се познати
Иако сè уште не се објавени детали во однос на останатиот дел од кастингот, засега е познато дека главната улога му е доделена на Кинаман, кој неодамна се појави во „The Suicide Squad“ како Рик Флег, а на публиката ѝ е познат и по своите улоги во филмовите „The Girl with the Dragon Tattoo“, „The Darkest Hour“, „RoboCop“, „Child 44“ и „The Informer“.
Продуцентите на „John Wick“, Басил Иваник, Ерика Ли, Кристијан Меркури и Лори Тилкин ќе го продуцираат и „Silent Night“, додека пак Рузана Кегејан од Capstone ќе го надгледува проектот заедно со Џо Гата.
View this post on Instagram
Џон Ву е познат по своите акциони филмови од доцните 90-ти години.
Седумдесеитпет годишниот Џон Ву ја започна својата филмска кариера во 1970-тите, а неговите хонгконгшки акциони класици „A Better Tomorrow“, „The Killer“, „Bullet in the Head“, „Hard Boiled“, „The Young Dragons“, „The Dragon Tamers“ и „The Hand of Death“, му ги отворија вратите кон Америка, каде во 1990-тите се прослави со акционите филмови „Hard Target“, „Broken Arrow“, како и „ Face/Off“ со Николас Кејџ и Џон Траволта и „Mission Impossible 2“, со Том Круз во главна улога.
По една цела деценија снимање американски акциони филмови, Џон Ву се врати на кинескиот филмски пазар со акциони и воени филмови, а во 2017 година, тој го сними филмот „Manhunt“.

Извор: www.slobodenpecat.mk