Нов лажен профил на Фејсбук со името на Првата дама, се лажат граѓаните со „донации“ од 5.000 евра

1 min read

Деновиве повторно е отворен лажен профил на Фејсбук со името на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, пишува „Независен“.

Од профилот со името Елизабета Пендаровска се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните и на него има објавено повеќе лажни објави, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат сто добитници по случаен избор, на кои ќе им бидат донирани по 5.000 евра.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека во изминатиот период во неколку наврати се активирани лажни профили на социјалната мрежа Фејсбук во кои се користат фотографии и името на сопругата на претседателот Пендаровски, г-а Елизабета Ѓоргиевска“, велат од Кабинетот на претседателот, откаде додаваат дека ги преземаат потребните мерки за заштита и санкционирање на лажните профили, кои се пријавувени во Фејсбук и во Министерството за внатрешни работи.

Од Кабинетот апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите дезинформации, во кои при користењето на името на сопругата на претседателот на граѓаните им се ветуваат донации.

„Истовремено би сакале да информираме дека хуманитарните активности кои сопругата на претседателот ги презема се координирани преку Кабинетот на претседателот.“

, се додава во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вашингтон од понеделник го укинува задолжително носење маски во затворен простор

Следно

Бабиќ е задоволен од победата во Атина: Одигравме перфектен натпревар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian