Неверојатно: Косово ќе ги тужи српските фудбалери бидејќи непрописно ја прославувале победата над Португалија

2 mins read

Фудбалската федерација на Косово соопшти дека ќе ги тужи Фудбалската федерација на Србија и нејзините репрезентативци.

Додека српските фанови и фудбалери го слават директниот пласман на Светското првенство во Катар, во Фудбалската федерација на Косово најави дека подготвува тужба поради маичките кои ги носеа српските репрезентативци на славењето по победата над Португалија од 1:2.

“Фудбалската федерација на Косово ќе се жали во ФИФА и УЕФА на постапката на српските фудбалери кои по натпреварот со Португалија се појавија во маички со иредентистички и националистички натпис. ФФК смета дека е неприфатливо пропагирањето на националистички песни на српските репрезентативци во чиј текст се споменуваат два града од соседни држави, Призрен (Косово) и Румиja (планина во Црна Гора н.з.). Овој провокативен и националистички текст не одговара на европските вредности, туку е дел од српските шовинистички и иредентистички соништа и размислувања. Фудбалот е најпопуларен спорт на светот и секаде е фален за создавање на мостови на пријателства меѓу народите и како таков треба да го чуваме, а не го користиме како пропагантно средство за бесниот шовинизам“, стои во соопштението на фудалската федерација на Косово.

Притоа ФФК приложи фотографија на која се наоѓаат Немања Радоњиќ, Стефан Митровиќ и Душан Влаховиќ во споменатите маички.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата ги утврди измените на Законот за здравствена заштита, тврди дека ќе донесат поквалитетни услуги

Следно

Има нешто повеќе од само пријателство? Ураганката Сања фатена во прегратките на фудбалерот Гудељ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian