„Некој ме мести“: Уапсен градоначалникот на Сандански за купување гласови

1 min read

Градоначалникот на бугарскиот град Сандански, Атанас Стојанов тврди дека некој го мести, откако во неделата беше уапсен за купување гласови за време на парламентарните избори во Бугарија, пишува БГНЕС.

Тој поминал 24 часа во полициска станица, а потоа за бугарските медиуми изјавил дека не знае ништо за пликовите со пари и списоците со имиња кои биле најдени во неговиот автомобил во неделата попладне, откако тие ги пријавил еден граѓанин.

 

„Воопшто не сум ги допрел пликовите кои што беа најдени во мојот автомобил. Веројатно некаде сум ја оставил колата отклучена и ми ги ставиле. Со рака на срцето кажувам дека немам врска со тоа“, изјави Стојанов.

Бугарската полиција соопшти дека истрагата за случајот ќе продолжи.

Стојанов беше потпретседател на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, но и двајцата поднесоа оставки вчера по катастрофалните резултати на изборите во неделата. ВМРО-БНД освои 1 отсто од гласовите и нема да има пратеници во бугарскиот парламент.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вујовиќ: Вардар мора да ја прекине серијата порази во ЛШ

Следно

Деветгодишно момче е последната жртва на „концертот на смртта“: Езра почина од повредите здобиени во стампедото на „Астроворлд“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian