На мајката која роди под мост во Прилеп ова и е десетто дете, првото дете го оставила на Бит пазар

1 min read

Бебето и мајката која се породи завчера вечер под мост во Прилеп се во добра состојба. Тие се згрижени во одделот за гинекологија и акушерство од ЈЗУ Општа болница Прилеп.

Жената сама се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во градот, каде што живеела во текот на вчерашниот ден. Од речното корито нејзе и нејзиното бебе ги извадила екипа на противпожарната служба.

Наташа Јованоска, социјален работник во прилепската болница вели дека сите институции се алармирани и соработуваат во случајов.

-Мајката ја знаеме од порано. Има 30 години, ова и е десетто бебе. Во контакт сме со Центарот за социјална работа, со градоначалникот, сите институции се алармирани. Станува збор за жена која ги добила своите деца од различни партнери, останатите деца беа родени во болнички услови, за разлика од последното, кое завчера го родила под мост во градот, вели таа во изјава за „Фокус“.

Како што вели Јовановска немила случка имало со неа и во време кога го добила првото бебе.

Можеби и јавноста се сеќава, таа го остави бебето на Бит Пазар, а потоа тоа беше сместено во дом за деца без родителска грижа. Не знаеме која ќе биде нејзината одлука и дали ќе го задржи ова бебе, но во секој случај, нема да остане на улица по излегувањето од болница – дополнува Јовческа.

Жена се породи под мост во Прилеп

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Нови судири на полско-белоруската граница, мигрантите ја нападнале полицијата

Следно

Савевски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian