МВР со официјално соопштение за пријавата во ГТЦ

1 min read

МВР преку официјално соопштение се огласи по повод акцијата во ГТЦ во строгиот центар на Скопје. 

-Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ “имало поставено машини за копање крипто валути” односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути, се вели во нивното соопштение. 

– Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик.

Од МВР велат дека во август 2021 година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути.

-Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ, се наведува соопштението од МВР: 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Почина актерот Хит Фримен на 41-годишна возраст, познат како Хауард Епс од серијата „Bones“

Следно

Вашингтон од понеделник го укинува задолжително носење маски во затворен простор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian