Ким: Без разлика што може да се случи внатре или надвор од Албанија, позицијата на САД нема да се смени

2 mins read

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, изјави дека без разлика што може да се случи внатре или надвор од Албанија, позицијата на САД нема да се промени.

Oва таа го кажа на отворањето на изложбата „Во името на Америка“, на плоштадот „Скендербег“, во рамки на 75-годишнината од заминувањето на американската мисија од ова земја.

– САД никогаш не се поколебале, вие заслуживте да бидете слободна и независна земја. Без разлика што може да се случи внатре или надвор од Албанија, оваа позиција нема да се промени. По завршувањето на Втората светска војна, мисијата на американски набљудувачи беше стационирана во Тирана за обновување на американско-албанските односи, но комунистичката влада се спротивстави. Комунистичката диктатура почна да ја затвора земјата, градејќи стотици непотребни бункери, рече меѓу другото Ким.

Затоа е и оваа изложба денескa, додаде нагласувајќи дека комунистите „не сакаа само физички да ја затворат земјата, туку и духовно”.

– Она што се случи беше дека стотици луѓе почнаа да бидат прогонувани со испраќање во логори. Тоа е приказна за прогон и бруталност, но и приказна за издржливост и достоинство, оцени таа.

Важно е, како што рече, да се потсетиме на сите овие луѓе, на сите ужаси низ кои поминале тие, да се потсетиме на тие мажи и жени.

– Демократијата што ја имаме денескa можеби не е совршена, можеби не е целосна, но важно е да се потсетиме дека таа е добиена преку крвта и потта. Тоа е скапоцена работа и сите ние треба да ја заштитиме, рече амбасадорката Јуриј Ким.

Нагласувајќи дека оваа година се одбележува 30-годишнината од обновувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и САД, рече дека сите „сме свесни за почетокот на овие односи со падот на Отоманската империја“.

Посочи дека е многу горда како Американка што претседателот Вилсон рекол дека Албанија е земја, дека е нација и дека заслужува да биде независна и слободна.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Страшни вести: Поранешниот српски репрезентативец Јеловац доживеал мозочен удар на тренинг

Следно

ФОТО | Лејди Гага им позираше на фотографите, а потоа им ги покажа гаќите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian