Канатларовски: Примивме несреќен гол по наша грешка

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година доживеа минимален пораз од соодветната селекција на Франција во квалификациите за ЕП 2023.

Селекторот Драги Канатларовски по натпреварот му честита на противникот за победата и притоа потенција дека реално Франција е за една класа над сите во квалификациската група.

– Оваа француска репрезентација се дели од нашата група, не само во група, туку има и еден фонд на фудбалери кои поседуваат еден огромен потенцијал и квалитет и играчи кои играат во најсилните европски лиги. Играат по 90 минути, што, за жал, кај нашите фудбалери не е така и не се во подобар ритам, односно немаат минутажа на натпреварите. Бевме без двајцата играчи од Австралија, повреден беше и Елези, имавме доста голем хендикеп со нивното отсуство. Примивме еден несреќен гол на наша грешка. Ако издржевме уште малку, ќе имавме можност за контра. Наша определба беше да се надигруваме, ама противникот не ни даде простор. Очигледно, доминацијата е присутна кај Франција ако се видат последните резултати. Но, да не примевме таков несреќен гол, можевме да направиме повеќе. Сепак, мора да се биде реален, да се честита победата на противникот– изјави Канатларовски.

Младите фудбалери до 21 година настапите во квалификациите ги продолжуваат идната година, во март и гостуваат на Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тачи: Никој не може да ме убеди дека Русија не подготвуваше црно сценарио во Македонија

Следно

ВИДЕО | Хорор во село во Албанија: Го киднапирал и го убил детето на соседите, па го закопал во својот двор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian