Ибрахими од Алтернатива: Немаме интерес да влеземе во оваа влада, досега и никој не ни понудил

1 min read

Зеќирија Ибрахими од Алтернатива за ТВ21 вели дека неговата партија „нема интерес да влезе во владата, додавајќи дека досега и не добиле таква понуда.

Според Ибрахими, кој е поранешен потпретседател на Беса, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, бил во контакт со премиерот Заев, но комуникацијата меѓу нив, како што тврди Ибрахими, била „вообичаена“.

„Немаме ниту интерес, ниту покана, ниту понуда да станеме дел од оваа Влада. Не сакам да прејудицирам што ќе се случи, но во моментов состојбата е ваква каква што е“, посочи Зеќирија Ибрахими.

Заев и Гаши деновиве разменија изјави преку медиумите околу можното учество на Алтернатива во владата. Заев јавно го повика Гаши да му се приклучи на актуелното мнозинство, додека од Алтернатива најавија дека ќе размислат за предлогот.

Пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави на седницата на која требаше да се гласа за доверба на Владата, вчеравечер на ТВ21 изјави дека Алтернатива „чека пред врата“ за да влезе во Владата.

„Алтернатива чека пред врата за да влезе, a не разбирам зошто Беса треба да излезе, иако е дел од Владата“, рече Реџепи.

Ибрахими додава дека Гаши и премиерот Зоран Заев се договориле да се сретнат наредните денови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зимска служба 2021-2022 15.11.2021

Следно

Македонија ги дозна сите можни противници во баражот за Мундијалот во Катар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian